Школа за млади математичари

Најнови вести за школите

Школа за млади математичари 2023/2024

Опис на школата:

Школата за млади математичари е замислена да биде продолжение на Есенската математичка школа во организација на Сојузот на математичари на Македонија, со што на учениците ќе им понудиме континурана работа во текот на целата учебна година. Но, школата за млади математичари ќе може да се посетува и независно од Есенската математичка школа. Школата е наменета за учениците од 4 одделение до 9 одделение од основните училишта и учениците од I до IV година од средните училишта од Македонија.

Школата за млади математичари ќе се реализира во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија, кои се организатори на Школата за млади математичари „Диофант“. Главна карактерстика на програмот „Диофант“ за додатна настава се темите кои ја следат редовната настава во училиштата, ја прошируваат со нови содржини и ги продлабочуваат знаењата со решавање на посложени задачи. Раководството на Школата за млади математичари на Сојузот на математичари на Македонија има направено адаптација на програмот „Диофант“ за да ја следи, проширува и збогатува редовната настава по математика во училиштата во Македонија.

Раководител на Школата за млади математичари е проф. д-р Ирена Стојковска од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавачи на школата се универзитетски професори по математика и истакнати наставници по математика од основните и средните училишта во Македонија со искуство во поттикнување и развивање на математичкото размислување кај учениците.

Реализација:

Реализацијата на наставата ќе се одвива преку Google училници и на Google meet платформата за што е потребно секој ученик да има своја или семејна електронска адреса на @gmail.com.

Учениците ќе имаат и звучна и визуелна комуникација со наставникот и можат во секој момент да ги искажат своите идеи, решенија, прашања.

Термини:

  • 4 одд – понеделник 19.00 – 20.15
  • 5 одд – вторник 19.00 – 20.15
  • 6 одд – среда 19.00 – 20.30
  • 7 одд – понеделник 20.30 – 22.00
  • 8 одд – вторник 20.30 – 22.00
  • 9 одд – среда 20.30 – 22.00
  • I и II год – четврток 20.30 – 22.00
  • III и IV год – четврток 20.30 – 22.00

Наставата ќе почне на 4 декември 2023 година и ќе трае до крајот на учебната 2023/2024 година. За време на зимскиот и пролетниот распуст нема да има настава. Доколку некој од термините се падне на државен празник, ќе биде закажан дополнителен термин во договор со наставникот.

Материјали:

Секоја наставна тема ќе биде покриена со следните видови на материјали кои ќе бидат објавувани во Google училниците:

  • Задачи за работа на час
  • Белешки од предавањата
  • Домашни задачи (кои учениците ги решаваат и ги праќаат на наставниците за прегледување)
  • Решенија на домашните задачи

Котизација:

Котизацијата за Школата за млади математичари 2023/2024 е 9.600 ден. (200 ден. за еден наставен час, вкупно 48 часа). Уплатата се врши на две рати (декември 2023 и февруари 2024) на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Школа за млади математичари 2023-24.

Попуст од 5% за уплата на котизацијата на една рата во декември 2023.
Попуст од 10% имаат учениците кои ја посетувале Есенската математичка школа 2023.
(Попустите не се комбинираат.)

Пријавување:

Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на онлајн формулар кон кој може да се пристапи преку следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение. Рокот за пријавување на школата е до 20 ноември 2023 год.

Теми и предавачи на школата:

(Дополнително ќе бидат објавени.)

Адреса за контакт: oms2324smm@gmail.com