Европски Математички Куп

Почитувани,

локалната организација за Македонија на 12. издание на Европскиот Математички Куп е доверена на СММ. Станува збор за престижен меѓународен натпревар што во периодот 9-17 Декември 2023 ќе се одржува во повеќе држави ширум светот. Официјалната веб страна за EMC е https://emc.mnm.hr/.  

За учесниците од Македонија натпреварот ќе се одржи на 16.12.2023 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 10ч. Ги покануваме да земат учество сите ученици кои освоиле златен или сребрен медал на ММО 2023 или ЈММО 2023. Секој натпреварувач е потребно да биде пред факултетската зграда на ПМФ-Скопје најдоцна во 9 часот и 30 минути.

Списокот на поканети ученици можете да го погледнете тука. Ги замолуваме сите македонски натпреварувачи на 12. Eвропски Математички Куп да го потврдат своето присуство на е-адресата mirko.petrushevski@gmail.com.  

Ваш СММ!