Информација за наставата на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве потсетуваме дека од оваа сабота, 28.10.2023 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2023 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа и следните три саботи, заклучно до 18.11.2023 година, часовите ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.

Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 14.10.2023. Распоредот на ученците по простории може да го видите тука.

За учениците кои не си ги подигнале материјалите за школата и не се регистрирале, пултот за регистрација ќе биде отворен од 9.30 часот во приземјето на горната зграда на ПМФ.

Подгответе се за нова математичка дружба!

Од Раководството на ЕМШ2023