Есенска математичка школа 2023

Најнови соопштенија

29.11.2023 – Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2023
27.10.2023 – Информација за наставата на Есенската математичка школа 2023
11.10.2023 – Известување за првиот ден на Есенската математичка школа 2023
03.10.2023 – Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2023
30.08.2023 – Теми на Есенската математичка школа 2023 и наградни учества
23.08.2023 – Пријавување учество на Есенската математичка школа 2023

Опис на Есенската математичка школа 2023

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и ноември 2023 година, по петти пат организира Есенска математичка школа за учениците од основните и средните училишта од целата држава.

Учесници: ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата: 14, 28 октомври, 4, 11 и 18 ноември 2023 год.
Датум на полагање завршен тест: 2 декември 2023 год.
Место: Природно-математички факултет, Скопје

Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Теми на школата:

  • 4 одд.
    Броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Програма: Собирање и одземање на природни броеви, дешифрирање на равенства. Множење и делење на природни броеви, дешифрирање на равенства. Редослед на операции. Низи од броеви, магични фигури. Римски броеви.
    Математички работилници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Марија Михова, Благица Милисова, Ерблина Зеќири, проф. д-р Ирена Стојковска
  • 5 одд.
    Плоштина на многуаголници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, Институт за одделенска настава, Педагошки факултет, Скопје
    Програма: Поимот многуаголник и видови многуаголници. Поимот периметар и поимот плоштина на многуаголник. Плоштина на многуаголници во правоаголни мрежи. Изведување формули за плоштина на многуаголници со „сечење“ и движење во рамнината. Натпреварувачки задачи со плоштина на многуаголници.
    Математички работилници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Марија Михова, Благица Милисова, Ерблина Зеќири, проф. д-р Ирена Стојковска
  • 6 одд.
    Мерки и мерење, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Мерки за маса. Мерки за зафатнина. Мерки за време. Мерки за должина. Периметар на квадрат, правоаголник и триаголник. Мерки за плоштина. Плоштина на квадрат, правоаголник и триаголник. Мерки за волумен. Плоштина и волумен на коцка и квадар. Мерки за големина на агол. Соседни, напоредни, накрсни, суплементни и комплементни агли. Агли во триаголник.
    Множества и релации, проф. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Искази. Операции со искази. Множества. Операции со множества. Релации. Видови релации.
  • 7 одд.
    Алгебарски изрази, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Рационални броеви и операции со нив. Бројни изрази со рационални броеви. Степен со показател природен број, операции со степени. Алгебарски изрази. Видови алгебарски изрази. Бројна вредност на алгебарски израз. Цели рационални изрази (полиноми). Операции со полиноми. Формули за скратено множење. Упростување на алгебарски изрази. Проблемски задачи со алгебарски изрази. Разложување полиноми на множители.
    Складност на триаголници, Петар Филиповски, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје
    Програма: Триаголник. Елементи на триаголник. Средна линија во триаголник. Значајни линии во триаголник. Признаци за складност на триаголници. Задачи од натпревари со складност на триаголници.
  • 8 одд.
    Конгруенции, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Деливост во множеството цели броеви. Признаци за деливост. НЗД и НЗС. Систем на остатоци. Конгруенции.
    Круг и кружница, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Дефиниции, заемен однос на права и кружница и две кружници. Централен и периферен агол. Талесова теорема. Периметар на кружница, должина на кружен лак, плоштина на круг и делови од кругот
  • 9 одд.
    Графови, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
    Програма: Основни поими и теорема за ракување. Патишта во граф. Сврзаност на графови. Боење на графови. Избрани проблеми од графови.
    Авторски теореми од геометрија, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Теореми на Талес, Питагора, Евклид. Задачи на Архимед и Аполониј. Формула на Херон. Теореми на Птоломеј и Менелај.
  • 1 и 2 год.
    Геометриски трансформации, Петар Филиповски, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје
    Програма: Транслација. Централна симетрија. Ротација. Осна симетрија. Хомотетија.
    Линеарно програмирање, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Линеарна функција. Тек и график на линеарна функција. Линеарна равенка. Систем линеарни равенки. Линеарна неравенка. Систем линеарни неравенки. Задача на линеарно програмирање. Графички метод за решавање на задача на линеарно програмирање. Моделирање на задачи на линеарно програмирање: производствена задача, задача на ранец, задача на исхрана, транспортна задача, отимален распоред на работна сила и др. Софтверско решавање на задачи на линеарно програмирање.
  • 3 и 4 год.
    Геометриско решавање на негеометриски задачи, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Геометриски методи за решавање системи равенки, тригонометриски равенки, упростување изрази и одредување екстремни вредности на функции
    Функции и функционални равенки, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Функција од една променлива, дефиниција, дефинициона област, множество вредности, график. Начини на задавање на функциите. Видови функции. Еднакви функции. Операции со функции. Композиција на функции. Нули на функција. Инверзна функција. Решавање функционални равенки.  Разни задачи со примена на функции.

Термини на предавањата:

  • 10:00 – 11:45 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 11:00 часот)
  • 11:45 – 12:15 УЖИНКА (30 мин)
  • 12:15 – 14:00 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 13:00 часот)

Краен рок за пријавување: 2 октомври 2023 год.

Начин на пријавување: Пријавувањето на Школата се извршува исклучиво преку формата за пријавување на следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение.

Известување за прием на школата: 4 октомври 2023 год.

Котизација за учество: 4.000,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 20 часа предавања, завршен тест, материјали за школата и ужинка во деновите со предавања. Котизацијата треба да се уплати до 6 октомври 2023 година на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Есенска математичка школа 2023. По уплатата на котизацијата треба да пратите копија од уплатата на ems2023smm@gmail.com, најдоцна до 7 октомври 2023 година.

Раководител на школата: проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Лице за контакт: м-р Стево Ѓоргиев, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Адреса за контакт: ems2023smm@gmail.com

Поддржувачи на Есенската математичка школа 2023 се: Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, сите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.