Информација за формирање на е-училниците за настава на Школата за млади математичари 2023/2024

Драги ученици,

Ве информираме дека е-училниците (Google Classroom) за следење на наставата на Школата за млади математичари 2023/2024 се формирани и учениците се додадени во училниците. На пријавените ученици на школата им се пратени известувања по мејл со линк за пристап кон Google училниците.

Пробното вклучување е закажано за среда, 29.11.2023 со почеток во 19.00 часот, освен за учениците од 9 одделение за кои пробното вклучување ќе биде истиот ден со почеток во 19.30 часот.

Со настава почнуваме од следната недела, 4 декември 2023 година.

На учениците и наставниците им посакуваме успешна Школа за млади математичари!