Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2023 ќе се одржи на закажаниот термин, 2 декември 2023 година, сабота, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест. Завршниот тест ќе почне во 10.00 часот и ќе трае два часа.

На сите ученици им посакуваме успех на завршниот тест!