БМО 2020

Почитувани,
Би сакале да ви ја претставиме екипата што ќе не претставува виртуелно на Балканската Математичка Олимпијада во Романија.

натпреварувач
Лука ГрашкоскиMKD1
Дамјан ДавковMKD2
Бојан ДимовскиMKD3
Кристина ТасеваMKD4
Алек ЈармовMKD5
Никола СпировскиMKD6

На нашите натпреварувачи им посакуваме голем успех. Водач на екипата ќе биде Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.

Би сакале да истакнеме дека тимот што ја претставуваше Северна Македонија на ИМО претрпе промена. Благоја Младенов, кој беше дел од нашиот тим на ИМО во меѓувреме ги започна своите студии во странство, и поради тоа не е во можност да учествува на Балканијадата. Поради ова, Комисијата за натпревари огранизираше дополнителни селекциони натпревари на кои беа поканети следните натпреварувачи од ММО и ЈММО, како и Алек Јармов. На овие натпревари најдобро се покажаа Алек Јармов и Никола Спировски. Им се заблагодаруваме на сите натпреварувачи и им посакуваме многу среќа на први ноември.

Повеќе информации околу Балканијадата може да најдете на оваа адреса.

Ваш СММ!