Трет меморијален натпревар-прв ден

Почитувани,

денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, започна реализацијата на третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот и задачите и решенијата за:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информации за реализација на натпреварите во учебната 2021/2022 година

Почитувани,

УО на СММ на седницата одржана на 21.12.2021 година, донесе одлука за уредување и доуредување на прашањата поврзани со организирање и спроведување на општинските, регионалните и државните натпревари за учениците од основното и средното образование во учебната 2021/22 година, во услови кога се на сила мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот CoVid-19.…

Прочитај повеќе

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА

Почитувани колеги, драги ученици, вљубеници во математиката…

Нека годината што започна донесе здравје, мир и благосостојба.

Со спомени во мислите, горди на успесите, мотивирани продолжуваме напред!

СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

НОВОГОДИШНА ЗАДАЧА

Почитувани,

СММ за Вас подготви интересна новогодишна задача, која гласи:

„ Дедо Mраз правел играчки за подароци кои биле волшебни. Така ако во еден куп има n играчки, по 24 часа тој број се менува и е еднаков на:

n/4, ако n е делив со 4;

(n+2)/4, ако n+2 е делив со 4; и

(3n+1)/2, ако n е непарен.…

Прочитај повеќе

Од затворањето на Есенската математичка школа 2021

Крајот на Есенската математичка школа 2021 го означивме со пригодно организиран онлајн настан на 23 декември 2021 година. На затворањето на Есенската математичка школа 2021 беше прочитан успехот на учениците на завршниот тест. Се надеваме секој учесник на школата понесе со себе убави впечатоци, ги утврди постоечките знаења и се стекна со нови, кои ќе му помогнат во понатамошната негова математичка наобразба.…

Прочитај повеќе

Трет меморијален натпревар Александар Блажевски-Цане

Почитувани натпреварувачи,

Ве известуваме дека третото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи на 15-16 јануари 2022 година.

Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе

Излегоа од печат „Нумерус“ и „Сигма“

Почитувани,

излегоа од печат и веќе се дистрибуираат првите броеви на списанијата „Нумерус“ и „Сигма“.

Интензивно работиме на подготовка на вторите броеви за оваа учебна година.

Се надеваме дека ќе стигнеме со печатење до крајот на декември, по што ќе следува нивната дистрибуција.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Завршија предавањата на Есенската математичка школа 2021

И оваа година над 200 ученци од основните и средните училишта во Македонија беа учесници на Есенската математичка школа 2021 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Заедничкото двомесечно другарување и решавање задачи заврши, а на учениците им претстои само уште завршниот тест кој ќе се одржи на 11.12.2021 година.…

Прочитај повеќе

Објавен е првиот број на Математички Билтен за 2021 година

Почитувани колеги,

Објавен е првиот број од 45. издание, односно LXXI издание, на списанието Матeматички Билтен за 2021 година, т.е. книга 45 (LXXI) број 1 (2021). Заинтересираните можат да го погледнат изданието на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: https://bilten.smm.org.mk/?page_id=268или на http://im-pmf.weebly.com/matematicki-bilten—papers-2021-2030.html


Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2022 година: Книга 46 (LXXII) 1 (2022) и Книга 46 (LXXII) 2 (2022). …

Прочитај повеќе

Календар за натпревари во учебната 2021/2022 година

Почитувани,

СММ и другите акредитирани здруженија од природно-математичкото подрачје, донесоа заеднички календар за реализација на натпреварите во основното и средното образование. Според тој календар, термините за реализација на натпреварите по математика се:

КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ПО МАТЕМАТИКА ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Општински натпревар, 19.02.2022 година.
Регионален натпревар, 12.03.2022 година.…

Прочитај повеќе