Излегоа од печат „Нумерус“ и „Сигма“

Почитувани,

излегоа од печат и веќе се дистрибуираат првите броеви на списанијата „Нумерус“ и „Сигма“.

Интензивно работиме на подготовка на вторите броеви за оваа учебна година.

Се надеваме дека ќе стигнеме со печатење до крајот на декември, по што ќе следува нивната дистрибуција.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Завршија предавањата на Есенската математичка школа 2021

И оваа година над 200 ученци од основните и средните училишта во Македонија беа учесници на Есенската математичка школа 2021 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Заедничкото двомесечно другарување и решавање задачи заврши, а на учениците им претстои само уште завршниот тест кој ќе се одржи на 11.12.2021 година.…

Прочитај повеќе

Објавен е првиот број на Математички Билтен за 2021 година

Почитувани колеги,

Објавен е првиот број од 45. издание, односно LXXI издание, на списанието Матeматички Билтен за 2021 година, т.е. книга 45 (LXXI) број 1 (2021). Заинтересираните можат да го погледнат изданието на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: https://bilten.smm.org.mk/?page_id=268или на http://im-pmf.weebly.com/matematicki-bilten—papers-2021-2030.html


Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2022 година: Книга 46 (LXXII) 1 (2022) и Книга 46 (LXXII) 2 (2022). …

Прочитај повеќе

Календар за натпревари во учебната 2021/2022 година

Почитувани,

СММ и другите акредитирани здруженија од природно-математичкото подрачје, донесоа заеднички календар за реализација на натпреварите во основното и средното образование. Според тој календар, термините за реализација на натпреварите по математика се:

КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ПО МАТЕМАТИКА ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Општински натпревар, 19.02.2022 година.
Регионален натпревар, 12.03.2022 година.…

Прочитај повеќе

Нови броеви на списанијата Нумерус и Сигма за 2021/2022 година

Почитувани,

и оваа година СММ ги подготвува списанијата НУМЕРУС и СИГМА. Како и претходно, тие ќе изобилуваат со содржини од наставата по математика, популарни содржини од примена на математиката и задачи за натпревари. 

Оваа година нарачките може да ги направите со пополнување на податоците наведени во следнава форма.

За сите дополнителни информации обратете се на sojuz.na.matematicari@gmail.com.…

Прочитај повеќе

Одлука на Собранието на СММ

Почитувани,

Собранието на СММ одржано на 25 септември 2021 година донесе одлука во врска со членарината, која изнесува 300 денари годишно. Како навремена уплата ќе се смета и онаа која за 2020 и 2021 ќе се изврши до 31 декември 2021 година.

Притоа, членарината за секоја следна година се уплаќа до 31 јануари во тековната година.…

Прочитај повеќе

Известување за пристап на порталот за е-учење и отворање на ЕМШ2021

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека секој ученик – учесник на Есенската математичка школа 2021, денес 12.10.2021 година на својата електронска адреса има добиено две пораки, едната со упатство за пристап до порталот за е-учење (пратена од систем администраторот Ристо Чавдаров) и другата со лозинка за пристап до порталот за е-учење (генерирана порака од е-курсеви на ФЕИТ).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици за учество на ЕМШ2021 и план на претстојни активности

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека ги прифативме сите пристигнати пријави за учество на Есенската математичка школа 2021 година. Списокот со пријавени ученици може да го најдете на следниот линк.

Важни датуми во наредниот период се следните:

06.10.2021 – краен рок за уплата на котизација за учество на Есенската математичка школа 2021 (информации за уплатата имате на страницата на школата https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/) – ова не важи за учениците со наградни учества, како награда за постигнатиот успех на Државните натпревари по математика 2021

07.10.2021 – краен рок за праќање копија од уплатницата на ems2021smm@gmail.com

12-13.10.2021 – добивање упатство за користење на порталот за е-учење на ФЕИТ и лозинки за пристап на порталот (ќе бидат пратени на мејловите на учениците кои сте ги внеле во пријавата за учество)

14.10.2021 во 20.00 часот – отварање на Есенската математичка школа 2021 (линк за отварањето ќе има на порталот за е-учење на ФЕИТ во курсот „Есенска математичка школа 2021“)

16.10.2021 – прв ден со предавања на Есенската математичка школа 2021 со почеток во 9.45 (линковите за предавањата ќе бидат ставени на порталот за е-учење на ФЕИТ во курсот „Есенска математичка школа 2021“ за соодветното одделение или година)

Ова соопштение е пратено и на електронските адреси на учениците внесени во пријавите.…

Прочитај повеќе

Промоција на Есенската математичка школа 2021 на МРТ1

На 29. септември 2021 година, Раководителот на Есенската математичка школа 2021, гостуваше на утринската програма „Македонија наутро“ на националната телевизија МРТ1. Во продолжение може да ја погледнете снимката од гостувањето.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2021 ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/.…

Прочитај повеќе

Интервју…

Почитувани,

деновиве сме под силни импресии од одржаното годишно собрание кое го искористивме да споделиме информации за минатите активности и да се подготвиме за реализација на идните планови. Посебно не радува вниманието со кое новинарите во независната платформа umno.mk ги следеа сите активности на СММ и несебично ве информираа за сите наши реализирани проекти.…

Прочитај повеќе