Известување за државните натпревари за учениците од основното и средното образование

Почитувани,

Ве известуваме дека, државните натпревари по математика за учениците од основното и средното образование, СММ планира да ги реализира околу 15.08.2020 година.

Натпреварите ќе се одржат во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.…

Прочитај повеќе

Информации за Регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани ученици од основно образование, наставници и родители,

Ве известуваме дека Управниот одбор на СММ одлучи Регионалниот натпревар за учениците од основното образование да се одржи електронски. Оваа одлука е донесена во консултација со повеќе наставници од основното образование. Свесни сме за негативните страни од ваквиот начин на одржување на натпреварот.…

Прочитај повеќе

СММ ќе учествува на првиот CMC натпревар

Почитувани,

со задоволство ја прифативме поканата за учество на првиот Cyberspace Mathematical Competition (CMC). Натпреварот ќе се одржи на 13 и 14 јули, а сите активности околу неговата реализација ќе се реализираат во периодот 10-21.07.2020 година.

За сите наши активности поврзани со овој настан ќе ве известиме во иднина, а подетално за натпреварот овде.…

Прочитај повеќе

Математички билтен има нова официјална интернет страница!

Почитувани колеги, наставници и соработници,

Најстарото македонско математичко научно списание Математички билтен има нова официјална интернет страница: www.bilten.smm.org.mk.

Уредувачкиот тим  го повикува научниот кадар по математика, физика и информатика од сите државни и приватни универзитети во Република Северна Македонија, како и нивните соработници и/или докторанти, да поднесат трудови за броевите Vol.44 (LXX) 1 (2020) и  Vol.44 (LXX) 2 (2020). 

Списанието Математички билтен има меѓународен уредувачки одбор и е индексирано во следниве бази:

  • Мathematical Reviews (MathSciNet)
  • Zentralblatt fűr Mathematik
  • Реферативный журнал “Математика” (VINITI)
  • EBSCO
  • Crossref.
Прочитај повеќе

Информации за VII Македонски математички конгрес

Почитувани колеги и пријатели,

Поради пандемијата COVID-19, решивме да го одложиме VII Македонски
математички конгрес, кој требаше да се одржи од 16 до 20 септември во
Струга.

Конгресот е презакажан за 2021 година. Новите датуми за Конгресот ќе ги
објавиме наредните месеци, затоа ве молиме следете ја нашата официјална
веб-страница.

Ви посакуваме да останете во добро здравје.…

Прочитај повеќе

Mакедонската екипа на EGMO 2020

Почитувани,

Со неизмерна среќа и радост, ја споделуваме со вас веста за огромниот успех кој нашата екипа го постигна на EGMO 2020. Македонската екипа го постигна најдобриот резултат од сите досегашни учества на овој натпревар.

Медали освоија:

  • Јасна Илиева-сребрен медал
  • Анастасија Тортевска-бронзен медал
  • Христина Митреска-бронзен медал

Одличен резултат постигна и ученичката Кристина Тасева, која за малку не освои пофалница.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за основно образование

Имајќи ја предвид новонастаната состојба, поврзана со прекинот на наставата во основните училишта, СММ донесе одлука за одложување на регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование кој беше закажан за 11 април 2020 година.

За понатамошни информации следете ја веб страната на СММ.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Известување за Нумерус и Сигма

Почитувани читатели на списанијата Нумерус и Сигма,

сакаме да ве известиме дека рокот за испраќање на решенија на задачите од нашите рубрики се продолжува до 15.04.2020 година.

Решенијата испратете ги на следните адреси: sigma.spisanie.smm@gmail.com или numerus.smm@gmail.com, соодветно.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

За читателите на Нумерус и Сигма

Почитувани,

Соочени сме со вонредна ситуација, а печатењето на третите броеви од нашите списанија Нумерус и Сигма ќе биде наскоро готово. Дистрибуцијата на истите до корисниците ќе ја осмислиме во зависност од препораките на Владата на Република Северна Македонија.

До 31.03.2020 година обидете се да ги решите задачите кои се наоѓаат во рубриките Конкурсни задачи, Наградни задачи, Задачи од училницата и Рубрика задачи.…

Прочитај повеќе

Победници на ПИ-ДЕН

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката,

Ни претставува посебна чест да ги споделиме со вас резултатите од првиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН кој се одржа на 14 и 15 март 2020 во различно време за различни категории. СММ на сите учесници им го честита првото заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката.…

Прочитај повеќе