Четири медали за македонската екипа на ЈБМО 2021

Почитувани,

ни претставува посебна чест да ги споделиме со вас одличните вести за огромниот успех на македонската екипа на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2021.

Освоивме еден златен, еден сребрен и два бронзени медали. Носители на медалите се:

  1. Дамјан Давков – златен медал
  2. Алексиј Тасиќ – сребрен медал
  3. Бранко Јангеловски – бронзен медал
  4. Леонид Тодороски – бронзен медал

На ЈБМО 2021 успешно учествуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска.

На натпреварувачите им честитаме за постигнатиот успех на овој меѓународен натпревар.

Ваш СММ!