Почитувани колеги, драги ученици, вљубеници во математиката…
Нека годината што започна донесе здравје, мир и благосостојба.
Со спомени во мислите, горди на успесите, мотивирани продолжуваме напред!
СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА
Ваш СММ!…
Прочитај повеќе
Почитувани колеги, драги ученици, вљубеници во математиката…
Нека годината што започна донесе здравје, мир и благосостојба.
Со спомени во мислите, горди на успесите, мотивирани продолжуваме напред!
СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеПочитувани,
СММ за Вас подготви интересна новогодишна задача, која гласи:
„ Дедо Mраз правел играчки за подароци кои биле волшебни. Така ако во еден куп има n играчки, по 24 часа тој број се менува и е еднаков на:
n/4, ако n е делив со 4;
(n+2)/4, ако n+2 е делив со 4; и
(3n+1)/2, ако n е непарен.…
Прочитај повеќеКрајот на Есенската математичка школа 2021 го означивме со пригодно организиран онлајн настан на 23 декември 2021 година. На затворањето на Есенската математичка школа 2021 беше прочитан успехот на учениците на завршниот тест. Се надеваме секој учесник на школата понесе со себе убави впечатоци, ги утврди постоечките знаења и се стекна со нови, кои ќе му помогнат во понатамошната негова математичка наобразба.…
Прочитај повеќеПочитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека третото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи на 15-16 јануари 2022 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…
Прочитај повеќеПочитувани,
излегоа од печат и веќе се дистрибуираат првите броеви на списанијата „Нумерус“ и „Сигма“.




Интензивно работиме на подготовка на вторите броеви за оваа учебна година.
Се надеваме дека ќе стигнеме со печатење до крајот на декември, по што ќе следува нивната дистрибуција.
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеИ оваа година над 200 ученци од основните и средните училишта во Македонија беа учесници на Есенската математичка школа 2021 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Заедничкото двомесечно другарување и решавање задачи заврши, а на учениците им претстои само уште завршниот тест кој ќе се одржи на 11.12.2021 година.…
Прочитај повеќеПочитувани колеги,
Објавен е првиот број од 45. издание, односно LXXI издание, на списанието Матeматички Билтен за 2021 година, т.е. книга 45 (LXXI) број 1 (2021). Заинтересираните можат да го погледнат изданието на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: https://bilten.smm.org.mk/?page_id=268или на http://im-pmf.weebly.com/matematicki-bilten—papers-2021-2030.html
Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2022 година: Книга 46 (LXXII) 1 (2022) и Книга 46 (LXXII) 2 (2022). …
Почитувани,
СММ и другите акредитирани здруженија од природно-математичкото подрачје, донесоа заеднички календар за реализација на натпреварите во основното и средното образование. Според тој календар, термините за реализација на натпреварите по математика се:
КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ПО МАТЕМАТИКА ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Општински натпревар, 19.02.2022 година.
Регионален натпревар, 12.03.2022 година.…
Почитувани,
и оваа година СММ ги подготвува списанијата НУМЕРУС и СИГМА. Како и претходно, тие ќе изобилуваат со содржини од наставата по математика, популарни содржини од примена на математиката и задачи за натпревари.
Оваа година нарачките може да ги направите со пополнување на податоците наведени во следнава форма.
За сите дополнителни информации обратете се на sojuz.na.matematicari@gmail.com.…
Прочитај повеќеПочитувани,
Собранието на СММ одржано на 25 септември 2021 година донесе одлука во врска со членарината, која изнесува 300 денари годишно. Како навремена уплата ќе се смета и онаа која за 2020 и 2021 ќе се изврши до 31 декември 2021 година.
Притоа, членарината за секоја следна година се уплаќа до 31 јануари во тековната година.…
Прочитај повеќе