„Сребро, две бронзи и две пофалници на IMO2021“

Почитувани,

огромен успех за македонскиот тим на IМО 2021.

Најмладиот член на тимот, Дамјан Давков, ни донесе сребрен медал. Бронзени медали освоија Никола Спировски и Блаже Суклевски, а пофалнициЛука Грашковски и Јасна Илиева. На ИМО 2021 успешно учествуваше и Марија Атанасова.

Лидер на тимот беше проф д-р Ристо Атанасов, а заменик лидер проф д-р Мирко Петрушевски. Во подготовките на тимот допринесоа и Никола Велов, Илија Јовчески и Петар Филиповски.

Нашата анализа на досегашните резултати покажа дека ова е прв сребрен медал после 2010 година, прв бронзен медал после 2017 година, втор најдобар резултат според вкупниот пласман (после оној од 2009 година) и трет најдобар резултат според бројот на освоени медали (после оние од 1995 година и 2009 година). Покрај сите овие анализи, вреди да додадеме и дека Дамјан Давков е најмладиот медалист од Европа, на сите шеесет и две IМО досега!

СММ им го честита успехот на натпреварувачите и целиот тим кој несебично работеше за овој успех.

Со искрени желби за успех, продолжуваме силно мотивирани за ИМО 2022.

Ваш СММ!