Известување за училишта-домаќини на општинскиот натпревар за учениците од основното образование

Почитувани,

во прилог е листата на домаќини за општинскиот натпревар за учениците од основните училишта, кој ќе се одржи на 29.02.2020 со почеток во 10.00 часот. Се молат учесниците да бидат на местата на одржување на натпреварот најдоцна во 9.30 часот утрото. Ве потсетуваме дека натпреварот трае 120 минути. За сите прашања обратете се на smm.osnovno@gmail.com.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март (https://www.idm314.org/), на 14.3.2020 и 15.3.2020 година го организира математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН. 

Натпреварот, ќе се одржи во категориите: 1 одделение, 2 одделение, 3 одделение, 4 и 5 одделение, 6 и 7 одделение, 8 и 9 одделение, I и II година, III и IV година и категорија 18+.…

Прочитај повеќе

Втор тест за избор на македонската екипа за EGMO 2020

На 23.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа второто (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со официјалната шема за бодување) .…

Прочитај повеќе

Информација

На барање на некои членови на Собранието кое се одржа денес, 22.02.2020 година, со почеток во 12 часот, еве ги резултатите од општинскиот натпревар по математика за учениците од средното образование одржан на 25.01.2019 година. Резултатите се дадени по општини по азбучен ред:

Прочитај повеќе

ИНФОРМАЦИИ

Почитувани,

Во екот на подготовките околу организацијата на општинскиот натпревар за нашите најмлади учесници, сметаме дека не е на одмет да повториме некои од важните чекори кои мора заеднички да ги направиме за да им овозможиме на учениците прекрасно искуство!

Ве потсетуваме дека пријавата на учениците се врши заклучно со 20.02.2020 година (четврток).…

Прочитај повеќе

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици, наставници, родители и директори на училишта,

Деновиве добивме многу писма и јавувања од поединци, Природно – математички активи и директори на основни и средни училишта од Македонија, во врска со писмото кое што училиштата го добиле од здружението АРМАГАНКА, за организирање на математичкиот натпревар “Кенгур 2020”. За да не одговараме поединечно на сите нив, сакаме целата македонска јавност да ја информираме дека:

1) Сојузот на математичари на Македонија (СММ) е единствено акредитирано здружение од Министерството за наука и образование (МОН) за организирање  натпревари од наставниот предмет Математика на територијата на Република Северна Македонија (согласно добиената акредитација од МОН во април 2017 година со важност од 3 години, заклучно со учебната 2019/2020 година).…

Прочитај повеќе

Прв тест за избор на македонската екипа за EGMO 2020

На 16.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа првото (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со предвидена шема за бодување) .…

Прочитај повеќе

Список на учесници на Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 14.03.2020 година.

Право на учество имаат следните ученици.


Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта

Д-р Анета Гацовска-Барандовска



Прочитај повеќе

Задачи од регионалниот натпревар по математика за средно образование



Почитувани,

еве ги задачите и решенијата од регионалниот натпревар по математика за учениците од средното образование кој се одржа на 8.02.2020 година.

Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта

Д-р Анета Гацовска-Барандовска



Прочитај повеќе