Пристигна новиот број на Математички Билтен

Почитувани колеги,

Објавен е вториот број од 45. издание, односно LXXI издание, на списанието Матeматички Билтен за 2021 година, т.е. книга 45 (LXXI) број 2 (2021). Заинтересираните можат да го погледнат изданието на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: https://bilten.smm.org.mk/?page_id=268или на http://im-pmf.weebly.com/matematicki-bilten—papers-2021-2030.html

Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2022 година: Книга 46 (LXXII) бр. 1 (2022) и Книга 46 (LXXII) бр. 2 (2022). 

Меѓународниот уредувачки одбор гарантира за квалитетот на објавените трудови. Мат. Билтен е индексиран/рефериран во следните бази:

  • Mathematical Reviews (MathSciNet),
  • Zentralblatt fur Mathematik,
  • Реферативный журнал “Математика”,
  • EBSCO,
  • Crossref,
  • Publons, 
  • ZDB -German National Serials Database, 
  • EZB – Elektronische Zeitschriftenbibliothek, 
  • SWB – Southwest-German Union Catalogue, 
  • Scilit, 
  • Google Scholar,
  • WorldCat,
  • Semantic Scholar.

Списанието објавува оригинални научни трудови од чистата и применетата математика од следниве области: алгебра, математичка анализа, топологија, применета диференцијална геометрија и примена во гравитација, теорија на апроксимации, теорија на графови, диференцијални равенки, динамички системи, математичка оптимизација, теорија на веројатност, математичка статистика и нејзина примена во разни области, како на пример, во финансии, моделирање итн.

Од оваа година кон листата области е приклучена областа математематички аспекти на криптографија.

Ги очекуваме вашите трудови, коишто може да ги испратите на следниве адреси: matematichki.bilten@gmail.com  или на celakoska@gmail.com 

Весна Целакоска-Јорданова,
Главен и одговорен уредник на Математички Билтен