Завршија предавањата на Есенската математичка школа 2021

И оваа година над 200 ученци од основните и средните училишта во Македонија беа учесници на Есенската математичка школа 2021 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Заедничкото двомесечно другарување и решавање задачи заврши, а на учениците им претстои само уште завршниот тест кој ќе се одржи на 11.12.2021 година.

На сите ученици им посакуваме успех на завршниот тест!

Дел од учесниците на Есенската математичка школа 2021:

Повеќе инфомации за Есенската математичка школа 2021 ќе најдете на страницата на школата: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/.