Од затворањето на Есенската математичка школа 2021

Крајот на Есенската математичка школа 2021 го означивме со пригодно организиран онлајн настан на 23 декември 2021 година. На затворањето на Есенската математичка школа 2021 беше прочитан успехот на учениците на завршниот тест. Се надеваме секој учесник на школата понесе со себе убави впечатоци, ги утврди постоечките знаења и се стекна со нови, кои ќе му помогнат во понатамошната негова математичка наобразба.

Учесниците на Есенската математичка школа ќе добијат сертификат за учество, а учениците кои постигнаа одреден успех на завршниот тест ќе добијат диплома за постигнатиот успех. Сертификатите и дипломите ќе бидат испратени електронски до крајот на месец декември 2021 година.

На сите ученици им посакуваме Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Другарувајте и понатаму со математиката, збогатувајте ги постојано своите математички знаења, уживајте во убавината на математиката!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2021
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/