Пријавени ученици за учество на ЕМШ2021 и план на претстојни активности

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека ги прифативме сите пристигнати пријави за учество на Есенската математичка школа 2021 година. Списокот со пријавени ученици може да го најдете на следниот линк.

Важни датуми во наредниот период се следните:

06.10.2021 – краен рок за уплата на котизација за учество на Есенската математичка школа 2021 (информации за уплатата имате на страницата на школата https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/) – ова не важи за учениците со наградни учества, како награда за постигнатиот успех на Државните натпревари по математика 2021

07.10.2021 – краен рок за праќање копија од уплатницата на ems2021smm@gmail.com

12-13.10.2021 – добивање упатство за користење на порталот за е-учење на ФЕИТ и лозинки за пристап на порталот (ќе бидат пратени на мејловите на учениците кои сте ги внеле во пријавата за учество)

14.10.2021 во 20.00 часот – отварање на Есенската математичка школа 2021 (линк за отварањето ќе има на порталот за е-учење на ФЕИТ во курсот „Есенска математичка школа 2021“)

16.10.2021 – прв ден со предавања на Есенската математичка школа 2021 со почеток во 9.45 (линковите за предавањата ќе бидат ставени на порталот за е-учење на ФЕИТ во курсот „Есенска математичка школа 2021“ за соодветното одделение или година)

Ова соопштение е пратено и на електронските адреси на учениците внесени во пријавите. Учениците да проверат дали го добиле ова соопштение. Ако не го добиле, да го пријават тоа на ems2021smm@gmail.com. Пријавувањето да го направат најдоцна до 07.10.2021 од својата електронска адреса, од истата со која ќе се најавуваат на електронската платформа за е-учење.

Доколку имате дополнителни прашања кои не се опфатени со овие информации, пратете ги на ems2021smm@gmail.com.

До скоро гледање!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на Есенската математичка школа 2021
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/