Есенска математичка школа 2021

Најнови соопштенија

07.09.2021 – Теми на Есенската математичка школа 2021
03.09.2021 – Најава на Есенската математичка школа 2021 и пријавување учество (наградени ученици од државните натпревари по математика со учество на ЕМШ2021)

Опис на Школата

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2021 година, организира Есенска математичка школа 2021 за учениците од основните и средните училишта од целата држава. Наставата на школата ќе биде онлајн. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Учесници: ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата: 16, 30 октомври, 6, 13, 20 и 27 ноември 2021 год.
Датум на полагање завршен тест: 11 декември 2021 год.
Место: Интернет

Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Теми и предавачи на школата:

  • 4 одд.
    Логички задачи, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Загатки со броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
  • 5 одд.
    Решавање равенки и примена, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Квадрат и правоаголник, проф. д-р Елена Хаџиева, Факултет за информациски системи, визуелизација, мултимедија и анимација при Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Охрид
    Програма: Периметар на квадрат и правоаголник. Плоштина на квадрат и правоаголник. Комбинирани задачи со квадрат и правоаголник.
  • 6 одд.
    Деливост на природните броеви, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Коцка и квадар, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 7 одд.
    Геометриски движења, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 8 одд.
    Теорија на броеви, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
  • 9 одд.
    Математика на правоаголен триаголник, проф. д-р Весна Целакоска – Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Питагорова теорема. Неколку докази на Питагоровата теорема; Тригонометриски функции од остар агол: тангенс од остар агол, котангенс од остар агол, синус и косинус од остар агол; Задачи за тригонометриските функции од 30, 45 и 60 степени; тригонометриски функции на комплементни агли; неколку важни идентитети; Задачи за решавање правоаголен триаголник и примена на тригонометриските функции во геометрија и практични мерења.
  • 1 год.
    Рационални и ирационални изрази, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
  • 2 год.
    Четириаголници и нивни својства, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Повторување за триаголник и елементи на триаголник. Својства на парелелограм, квадрат, правоаголник, ромб, трапез, делотоид. Комбинирани задачи со четириаголници.
  • 3 и 4 год.
    Тригонометриски функции и примена, проф. д-р Соња Геговска Зајкова, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

Термини на предавањата:

  • 9:45 – 12:00 ПРЕДАВАЊА
    (3 часа од по 40 мин. со две паузи од по 5-10 мин. или 2 часа од по 60 мин. со една пауза од 15 мин.)

* Во зависност од бројот на пријавени ученици, ако се јави потреба од формирање на втора група за соодветното одделение/клас, и ако сме во можност да го сториме тоа, наставата во втората група можно е да се одвива во друг термин од посочениот. Формирањето на групите ќе се одвива според редоследот на пријавување на учениците.

Начин на пријавување: Пријавувањето на Школата се извршува исклучиво преку формата за пријавување на следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение.

Краен рок за пријавување: 2 октомври 2021 год.

Известување за прием во Школата: 4 октомври 2021 год.

Котизација за учество: 2.850,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 18 часа со предавања, материјали за школата и завршен тест. Котизацијата треба да се уплати до 6 октомври 2021 година на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение/клас на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Есенска математичка школа 2021. По уплатата на котизацијата треба да пратите копија од уплатата на  ems2021smm@gmail.com , најдоцна до 7 октомври 2021 година.

Раководител на школата: проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Адреса за контакт: ems2021smm@gmail.com

Допис до директорите на основните и средните училишта и активите по математика.