Теми на Есенската математичка школа 2021

Сојузот на математичари на Македонија во месеците октомври, ноември и декември организира Есенска математичка школа 2021 за учениците од основните и средните училишта во државата. Темите и предавачите на Школата се:

  • 4 одд.
    Логички задачи, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Загатки со броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
  • 5 одд.
    Решавање равенки и примена, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Квадрат и правоаголник, проф. д-р Елена Хаџиева, Факултет за информациски системи, визуелизација, мултимедија и анимација при Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Охрид
  • 6 одд.
    Деливост на природните броеви, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Коцка и квадар, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 7 одд.
    Геометриски движења, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 8 одд.
    Теорија на броеви, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
  • 9 одд.
    Математика на правоаголен триаголник, проф. д-р Весна Целакоска – Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 1 год.
    Рационални и ирационални изрази, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
  • 2 год.
    Четириаголници и нивни својства, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
  • 3 и 4 год.
    Тригонометриски функции и примена, проф. д-р Соња Геговска Зајкова, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2021, датумите и термините на предавања, начинот на пријавување и висината на котизацијата, може да најдете на страницата на Школата: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/.