Објавен е првиот број на Математички Билтен за 2021 година

Почитувани колеги,

Објавен е првиот број од 45. издание, односно LXXI издание, на списанието Матeматички Билтен за 2021 година, т.е. книга 45 (LXXI) број 1 (2021). Заинтересираните можат да го погледнат изданието на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: https://bilten.smm.org.mk/?page_id=268или на http://im-pmf.weebly.com/matematicki-bilten—papers-2021-2030.html


Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2022 година: Книга 46 (LXXII) 1 (2022) и Книга 46 (LXXII) 2 (2022). Меѓународниот уредувачки одбор гарантира за квалитетот на објавените трудови. Мат. Билтен е индексиран/рефериран во следните бази: Mathematical Reviews (MathSciNet), Zentralblatt fur Mathematik, Реферативный журнал “Математика”, EBSCO, Crossref, Publons, Google Scholar, WorldCat, Semantic Scholar.

Списанието објавува оригинални научни трудови од чистата и применетата математика од следниве области: алгебра, анализа, топологија, применета диференцијална геометрија и примена во гравитација, теорија на апроксимации, теорија на графови, диференцијални равенки, динамички системи, математичка оптимизација, теорија на веројатност, математичка статистика и нејзина примена во разни области, како на пример, во финансии, моделирање итн.

Весна Целакоска-Јорданова,
Главен и одговорен уредник на Математички Билтен