Информација за ЈММО 2021

Почитувани,

ве известуваме дека Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2021) ќе се одржи на 5 јуни 2021 година со почеток во 10 часот. 

Право на учество имаат сите ученици од:

  • седмо одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • осмо одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • деветто одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку трета награда
  • државниот натпревар за средно образование, кои имаат најмалку трета награда и се родени на или подоцна од 24 Декември 2005 година.
Прочитај повеќе

Изборен тест за ИМО 2021

Почитувани,

изборниот тест за македонската екипа на ИМО 2021 ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје во двата дена од претстоечкиот викенд: сабота 29.05 и недела 30.05.

Секој ден натпреварот ќе започнува во 10 часот и 30 минути.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 45 минути.…

Прочитај повеќе

Резултати од државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

заврши 46. Државен натпревар по математика за учениците од основното образование!

Конечните резултати по одделенија се следните:

Државните прваци по одделенија се: 

  • Јаков Геговски од ООУ Јохан Хајнрих Песталоци, Скопје за шесто одделение
  • Петар Антиќ од ООУ Љубен Лапе, Скопје за седмо одделение
  • Леонид Тодороски од ООУ Григор Прличев, Охрид за осмо одделение
  • Алексиј Тасиќ од ООУ Ѓорѓија Пулевски, Скопје за деветто одделение

Од комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од основното образование

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати ММО2021

Почитувани,
во прилог се конечните резултати од 28. Македонска математичка олимпијада.

Честитки до сите учесници за прикажаните знаења. 

Тестот за избор на македонската екипа за ИМО 2021 ќе се одржи следниот викенд, 29-30. 05, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подетални информации во текот на следната седмица.

Ваш СММ! …

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Државниот натпревар за основно образование 2021

Почитувани,

Комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование ја изготви листата со прелиминарни резултати од постигнатиот успех на учениците од основното образование:

Поднесувањето приговори кон оваа листа може да се реализира преку пополнување на следната форма за приговори.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од ММО 2021

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование изготви прелиминарни резултати од 28. ММО.

прелиминарни резултати

Следува процесот на разгледување приговори кон прелиминарните резултати пред изготвување на листата со конечни резултати од ММО 2021 година и доделувањето медали на натпреварувачите.

Токму заради тоа, приговорите со детални аргументи испратете ги на  mirko.petrushevski@gmail.com.…

Прочитај повеќе

ММО 2021

Почитувани,
денес, 19.05.2021, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 28. Македонска математичка олимпијада.

Низ следните фотографии ви ја доловуваме атмосферата која владееше за време на  натпреварот.

Во прилог се задачите на кои учениците се натпреваруваа,  официјалните решенија и распределбата на поени. Вечерва ќе бидат објавени прелиминарните резултати.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за основно образование

Почитувани,

заврши првиот дел од Државниот натпревар за учениците од основното образование.

Вториот дел треба да го сработи Комисијата за прегледување на задачите, која ќе ги подготви прелиминарните резултати на учениците, во следните неколку дена.

Во прилог се задачите и решенијата и дел од атмосферата од натпреварот:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Дополнителни информации за ММО 2021

Почитувани,

во прилог е списокот ученици кои се поканети на 28. Македонска математичка олимпијада. Натпреварот ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, в среда 19.05, со запазување на сите COVID-19 протоколи. Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 45 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот и 30 минути.…

Прочитај повеќе

Прво учество на нашата екипа на СМО 2021

Почитувани,

нашата екипа за прв пат учествуваше на СМО (Српската математичка олимпијада) која се одржа во вторник и среда, на 11. и 12.05.2021 година во просториите на Математичката гимназија во Белград.

Освен нашата екипа, гостински екипи на овој натпревар беа и екипа од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Постигнати се следните резултати:

  • Блаже Суклевски – бронзен медал
  • Лука Грашкоски – бронзен медал
  • Дамјан Давков – пофалница
  • Никола Спировски – пофалница

Подетално за резултатите овде, а за организаторот овде.…

Прочитај повеќе