EGMO 2023

Почитувани, 

Во периодот 13-19 април 2023 година, во Порторож, Република Словенија, се одржа 12-тата Европска женска математичка олимпијада ЕГМО 2023.

На олимпијадата учествуваа 54 држави, од кои 38 во официјална конкуренција (европски држави). Учествуваа вкупно 213 учесници од кои 151 учесник од официјалните земји учеснички. Македонскиот тим успешно се претстави и се врати со освоени еден брозен медал и две пофалници.

Бронзениот медал го освои ученичката Емилија Николовска (трета година) од МИГ Скопје, а пофалниците ги освоија ученичките Миша Веселински (втора година) од ПСУ Јахја Кемал – Скопје и Ивона Зикова (трета година) од МИГ Скопје. Успешно се претстави и ученичката Сара Тошевска (втора година) од МИГ Скопје. 

Повеќе за олимпијадата може да се најде на официјалната страница https://www.egmo.org/egmos/egmo12/

Водач на тимот беше Анета Гацовска Барандовска, а заменик водач Ерблина Зеќири, од Институтот за математика, при ПМФ од Скопје.

Во прилог се и неколку фотографии од олимпијадата:

Ваш СММ!