Излезе првиот број на е-списанието „Диофант“

Драги ученици и наставници,

Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на нова активност – Школа за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Во план е задачите кои се работат на Школата за млади математичари да се објавуваат во електронско списание „Диофант“ кое ќе излегува повремено и по потреба и ќе биде со слободен пристап.…

Прочитај повеќе

Заврши општинскиот натпревар за основно и средно образование

Почитувани,

општинскиот натпревар по математика за основно и средно образование се одржа на 2.02.2024 година. Во прилог се задачите, решенијата и конечните резултати по општини и региони.

Резултатите по одделенија/класови и општини се следните:

Право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 2.03.2024 остварија сите ученици со освоени најмалку 40 поени.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од петтиот меморијален натпревар „Александар Блажевски – Цане“

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Петтиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“, одржан на 27-28.1.2024 година на ПМФ-Скопје:

Согласно резултатите, македонската екипа за следната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Емилија Николовска (IV година)
  • МКД 2 Миша Веселински (III година)
  • МКД 3 Сара Тошевска (III година)
  • МКД 4 Нина Ламева (II година)

Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Список на пријавени учесници за општинскиот натпревар

Почитувани,

во прилог се списоците на пријавените ученици за општинскиот натпревар по математика за:

На сите натпреварувачи им посакуваме успешен натпревар!

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Се одржа петтиот меморијален натпревар – АБЦ

Почитувани,

викендов во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа петтиот  меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот, задачите во категориите јуниори односно сениори и официјалните решенија со распределбата на поени.

Прелиминарните резултати од натпреварот се:

Евентуалните приговори можете да ги испратите на е-адресата mirko.petrushevski@gmail.com во текот на утрешниот ден, понеделник 29.01.2024 година, најдоцна до 18:00 часот.…

Прочитај повеќе

Петти меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека петтото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 27-28 јануари 2024 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два
натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе

Известување за општинскиот натпревар за основно и средно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно и средно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 28.01.2024 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:

Пријава за средно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од средното образование е smm.sredno@gmail.com


Пријава за основно образование


Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од основното образование е natprevari.smm2024@gmail.com.…

Прочитај повеќе

Календар за натпревари за учебната 2023/2024

Почитувани,

Натпреварите по математика за учениците од основното образование ќе се одржат според следниот распоред:

Општински натпревар за учениците од основното и средното образование – 02.02.2024 година

Регионален натпревар за учениците од основното и средното образование – 02.03.2024 година

Државен натпревар за учениците од средното образование – 30.03.2024 година

Државен натпревар за учениците од основното образование – 11.05.2024 година

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2023 ќе се одржи на закажаниот термин, 2 декември 2023 година, сабота, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест.…

Прочитај повеќе