Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023)  – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија  – македонската репрезентација постигна одличен успех!
На овој светски мегдан за
извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен,
два бронзени медали и две пофалници. 
- ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) 
- АЛЕКСИЈ ТАСИЌ  (сребрен медал; со освоени 25 поени) 
- НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) 
- НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
- ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) 
- БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!…
		
			Прочитај повеќе