Известување за МЕО 2024

Почитувани,

со огромно задоволство Ве известуваме дека оваа година СММ ја организира Втората Македонска Економска Олимпијада (МЕО) за учениците од средното образование.

Тестирањето за квалификации на МЕО ќе се одржи online на 10.5.2024 година. Квалификационите тестови ќе бидат составени од прашања и задачи во согласност со темите кои се обработуваат по предметите економија и математика (финансиска математика), од учебниците во средното образование.

Заинтересираните ученици, преку своите училишта и ментори, да се пријават за учество заклучно со 7.5.2024, пополнувајќи го закачениот ексел документ и истиот да се испрати на e-mail адресата agacovska@gmail.com.

Втората Македонската Економска Олимпијада ќе се одржи на 5.6.2024 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

МЕО е годишна државна олимпијада првенствено наменета за стимулирање и продлабочување на знаењата од економија, финансии, бизнис и примена на математичките модели во економијата, за учениците заинтересирани за овие области.

Од најуспешните учесници на МЕО, со солидно познавање на англиски јазик и помлади од 20 години на 30 јуни 2024 година, ќе се избере македонската екипа за Меѓународната олимпијада по економија – една од четиринаесетте меѓународни научни олимпијади за предуниверзитетско образование.

За подетални информации кликнете овде.

Ваш СММ!