Прелиминарни резултати од ММО 2021

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование изготви прелиминарни резултати од 28. ММО.

прелиминарни резултати

Следува процесот на разгледување приговори кон прелиминарните резултати пред изготвување на листата со конечни резултати од ММО 2021 година и доделувањето медали на натпреварувачите.

Токму заради тоа, приговорите со детални аргументи испратете ги на  mirko.petrushevski@gmail.com.…

Прочитај повеќе

ММО 2021

Почитувани,
денес, 19.05.2021, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 28. Македонска математичка олимпијада.

Низ следните фотографии ви ја доловуваме атмосферата која владееше за време на  натпреварот.

Во прилог се задачите на кои учениците се натпреваруваа,  официјалните решенија и распределбата на поени. Вечерва ќе бидат објавени прелиминарните резултати.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за основно образование

Почитувани,

заврши првиот дел од Државниот натпревар за учениците од основното образование.

Вториот дел треба да го сработи Комисијата за прегледување на задачите, која ќе ги подготви прелиминарните резултати на учениците, во следните неколку дена.

Во прилог се задачите и решенијата и дел од атмосферата од натпреварот:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Дополнителни информации за ММО 2021

Почитувани,

во прилог е списокот ученици кои се поканети на 28. Македонска математичка олимпијада. Натпреварот ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, в среда 19.05, со запазување на сите COVID-19 протоколи. Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 45 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот и 30 минути.…

Прочитај повеќе

Прво учество на нашата екипа на СМО 2021

Почитувани,

нашата екипа за прв пат учествуваше на СМО (Српската математичка олимпијада) која се одржа во вторник и среда, на 11. и 12.05.2021 година во просториите на Математичката гимназија во Белград.

Освен нашата екипа, гостински екипи на овој натпревар беа и екипа од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Постигнати се следните резултати:

  • Блаже Суклевски – бронзен медал
  • Лука Грашкоски – бронзен медал
  • Дамјан Давков – пофалница
  • Никола Спировски – пофалница

Подетално за резултатите овде, а за организаторот овде.…

Прочитај повеќе

Резултати од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

заврши 64. Државен натпревар по математика!

Конечните резултати по години се следните:

Државните прваци по години се:

1. Заради изедначениот број на поени на Државниот натпревар, државниот првак за прва година ќе го одредиме по завршување на ММО 2021. Копјата ќе се кршат меѓу:     

1) Јан Стојановски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, од Скопје     

2) Никола Спировски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, од Скопје

2.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

прелиминарните резултати по години се:

Приговорите може да ги испратите до 13 часот во среда, 12.05.2021 година, преку пополнување на следната

ФОРМА

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Термини за Државен натпревар 2021 за основно образование

Почитувани,

ве информираме дека Државниот натпревар 2021 за учениците од основното образование ќе се реализира според следниот распоред:

  • шесто одделение, сабота, 15.05.2021 година, со почеток во 10 часот
  • седмо одделение, недела, 16.05.2021 година, со почеток во 10 часот
  • осмо одделение, сабота, 15.05.2021 година, со почеток во 14 часот
  • деветто одделение, недела, 16.05.2021 година, со почеток во 10 часот

Натпреварот ќе се реализира во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.…

Прочитај повеќе

Датум за ММО 2021

Почитувани,

ве известуваме дека XXVIII Македонската математичка олимпијада 2021, за учениците од средното образование, ќе се одржи на 19.05.2021 година, среда, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Сите дополнителни информации, очекувајте ги до крајот на работната седмица.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за средно образование

Почитувани,

заврши решавачкиот дел од LXIV Државен натпревар по математика за учениците од средното образование.

Учениците беа сместени во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде во целост се почитуваа протоколите за реализација на натпреварот во услови на пандемија.

Задачите и решенијата од натпреварот се:

Во тек е прегледувачкиот дел од страна на комисијата.…

Прочитај повеќе