Информации за ПИ-ДЕН 2023

Почитувани натпреварувачи,

до 9:30 часот на електронска пошта ќе ви стигне линк до задачите од Државниот електронски натпревар ПИ 2023.

Системот за прифаќање одговори ќе биде отворен во времетраење од 2 часа за секоја категорија:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот 
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот 
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот 

Како потсетување, сите задачи имаат решение природен број или нула. Натпреварувачите го внесуваат бараниот број во соодветното поле. На крај системот можеби ќе побара автентичност на корисникот (I’m not a robot).  Натпреварот завршува кога ќе ги пополните сите полиња за решенија и ќе изберете Submit, за максимално време од 90 минути. На електронската пошта која ја наведовте на почеток на натпреварот ќе ви стигнат податоци со вашите решенија. Тоа е потврда дека вашите решенија се примени во системот.

До задачите може да се стигне и преку овој линк.

Ви посакуваме успех!

Нека ни е честит Меѓународниот ден на математиката!

Ваш СММ!