Започна SEEMOUS 2023

SEEMOUS 2023

Struga, North Macedonia

7–12 March 2023

На 8 март 2023 година, во хотелот Дрим во Струга, започна 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023) во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE).

Оваа меѓународна студентска олимпијада има долгогодишна традиција и нејзината цел е да ги поттикне и охрабри математички надарените студенти од прва и втора година на студии од сите универзитети од Југоисточна Европа и пошироко, кон понатамошни истражувања на математиката, компетитивност и стекнување нови пријателства, како и да ја зајакне соработката меѓу математичките здруженија и универзитети од регионот и пошироко.

Оваа година СММ и нашата земја се домаќини на 120 учесници од 23 универзитети од С. Македонија, Бугарија, Грција, Романија, Албанија и Туркменистан. На свеченото отворање, учесниците ги поздравија Претседателот на СММ, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски и Претседателот на жирито, проф. д-р Никита Шекутковски. Натпреварувачите ќе ги одмерат своите знаења решавајќи 4 задачи од неколку напредни области на математиката. Најдобрите ќе се закитат со медаљи кои ќе им бидат врачени на свеченото доделување на дипломите и медаљите закажано за 11 март. Олимпијадата завршува на 12 март.

На студентите им посакуваме успех на натпреварувањето, меѓусебна дружба, многу нови пријателства и пријатен престој во нашата земја!