Почитувани,
ова се конечните резултати од 47-от Државен натпревар за основно образование:
Државните прваци по одделенија ќе бидат дополнително одредени.
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеПочитувани,
ова се конечните резултати од 47-от Државен натпревар за основно образование:
Државните прваци по одделенија ќе бидат дополнително одредени.
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеПочитувани,
се одржа Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование.
Во прилог се задачите и нивните решенија.
Дел од атмосферата на натпреварот:
Ваш СММ!…
Прочитај повеќе Почитувани,
Заради учество на неколкумина од поканетите натпреварувачи на Европската олимпијада по физика, изборниот тест за ИМО ‘22 се поместува за деновите 17. и 18. мај.
Натпреварот ќе започнува во 10:00 часот. Поканетите 12 ученици е потребно да бидат пред зградата на ПМФ-Скопје најдоцна во 9:30 часот.
Учеството да се потврди на е-mail адресата: mirko.petrushevski@gmail.com
Ваш СММ !…
Почитувани,
47-от Државен натпревар по математика за учениците од основните училишта, ќе се одржи на 14.05.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, долна и горна зграда.
Натпреварот ќе трае 180 минути.
Учениците треба да се во дворот на факултетот во 9.30 часот.…
Прочитај повеќеПочитувани,
Во склоп на работата на Македонската акдемија на науки и уметности (МАНУ), а во соработка со Сојузот на математичари на Македонија (СММ) и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) во тек е проект:
Математички институт за научно-истражувачки подмладок.
Целта на Институтот е да се грижи за откривање на надарени и талентирани ученици за математика од најрана возраст и нивно понатамошно поттикнување и воведување во научно-истражувачка работа.…
Прочитај повеќеПочитувани,
Чест и задоволство ни е да ве известиме за големиот успех на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада БМО 2022!
На овогодинешната олимпијада за прв пат во историјата на Македонија постигнат е златен медал на БМО, освоен од Никола Спировски. Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски.…
Прочитај повеќеПочитувани,
Екипата на BMO го започна патувањето од просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје до Агрос, Кипар, каде ќе се одржи 39. Балканска математичка олимпијада.
Лидер на тимот е Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски.
Да им посакаме среќен пат и успешен натпревар!
Дел од атмосферата на тргнувањето низ фотографии:
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеПочитувани,
На следниот линк може да пристапите кон програмата на Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки, 6-8 мај 2022.
Од Организациониот одбор на Конференцијата…
Прочитај повеќеИзбрана е македонската екипа за БМО 2022!
МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Јасна Илиева
МКД 3 Блаже Суклевски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Јан Стојановски
МКД 6 Дамјан Давков
Со оглед дека три натпреварувачи на тукушто одржаната ММО завршија на делба на 6то место (имено Марија Атанасова, Дамјан Давков и Емилија Николовска), надлежната комисија одлучи како ад-хок критериум за разрешување на настаната ситуација да послужат постигнатите резултати на Третиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски – Цане. …
Прочитај повеќеПочитувани,
Почитувани,
За прв пат оваа година, Сојузот на математичарите организира селекција за Меѓународната економска олимпијада. Бордот на ИЕО, согледувајќи ја сериозноста и искуството на СММ во организација и спроведување на домашните и меѓународните натпревари, на СММ му ја довери задачата да селектира и испрати тим на Петтата ИЕО. Се надеваме да ја промовираме оваа селекција и истата во следните години да премине во Македонска економска олимпијада.…
Прочитај повеќе