Информација за ЈММО 2023

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2023 ќе се одржи на 9 јуни 2023 година со почеток во 10 часот во Хемискиот амфитеатар, ПМФ, долна зграда. 

На ЈММО се покануваат сите ученици кои имаат:
– прва награда во 7 одделение, 
– прва или втора награда во 8 одделение, 
– прва, втора или трета награда во 9 одделение. 

Дополнително на ЈММО се може да учествуваат и учениците од средно образование кои се родени на или после 25 декември 2007 година и имаат барем пофалница на државниот натпревар за средно образование.
Заради одржување подготовки за ЈММО, ги замолуваме сите поканети ученици да испратат e-mail на filipovskipetar@gmail.comсо subject: подготовки, а содржина: Име и презиме, одделение/година, училиште. 
Сите учесници на ЈММО треба да бидат пред зградата на Институтот за Хемија на ПМФ (долна зграда на ПМФ) најдоцна до 9 часот и 30 минути. 

Заради дополнително тестирање за државен првак за 6 одделение, ве известуваме дека во истото време треба да дојдат и сите ученици од 6 одделение кои на Државниот натпревар за основно образование имаа по 100 поени. Тестирањето ќе се одржи заедно со ЈММО.

Ваш СММ!