Доделување дипломи од Есенската математичка школа 2022

На 24.12.2022, сабота, во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје се одржа последната активност од Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија (15.10 – 03.12.2022) – доделувањето на дипломите за постигнатиот успех на завршниот тест.

Дипломите на учениците им ги врачија нивните наставници, предавачите на школата, кои им порачаа на учениците да продолжат да ја сакаат математиката и да стекнуваат секојдневно нови математички знаења.…

Прочитај повеќе

Информација за доделувањето дипломи од Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Ве потсетуваме дека доделувањето на дипломите за успехот на завршниот тест на Есенската математичка школа 2022 ќе се одржи на 24.12.2022 година, сабота, со почеток во 10 часот во Математичкиот амфитеатар М121 на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ве очекуваме!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од четвртиот меморијален натпревар-АБЦ

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Четвртиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски – Цане, одржан на 17-18.12.2022 година на ПМФ-Скопје:

Согласно резултатите, македонската екипа за следната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Емилија Николовска (III година)
  • МКД 2  Ивона Зикова (III година)
  • МКД 3 Миша Веселински(II година)
  • МКД 4  Сара Тошевска (II година)

Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од четвртиот меморијален натпревар-АБЦ

Почитувани,

во прилог се прелиминарните резултати од четвртиот Меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане:

Евентуалните приговори можете да ги испратите на е-адресата mirko.petrushevski@gmail.com во текот на утрешниот ден, понеделник 19.12.2022 година, најдоцна до 23:30 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Четврти Меморијален натпревар-АБЦ

Почитувани,

викендов во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржува четвртиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот, задачите во категорииите јуниори односно сениори и официјалните решенија со распределбата на поени за:

Прелиминарните резултати од натпреварот ќе бидат објавени вечерва околу 23 часот.…

Прочитај повеќе

Натпревари во учебната 2022/2023

Почитувани,

УО на СММ на седницата одржана на 8.11.2022 година  донесе одлука општинските, регионалните и државните натпревари за учениците од основното и средното образование во учебната 2022/23 година да се спроведат со физичко присуство. Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основно образованиe,

https://smm.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/pravilnik-osnovno-2020.pdf

односно Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во средно образование

https://smm.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/pravilnik-sredno-2020.pdf

(во понатамошниот текст: Правилници за натпревари).…

Прочитај повеќе