IEO 2026: Бронза и второ место за Македонија

Во периодот од 12 до 20 јули 2026 година, се одржа 9. Меѓународна економска олимпијада во Шенжен, Кина. Македонскиот тим освои бронзен медал и второ место на IEOx Youth Talks на ова престижно меѓународно натпреварување! 

Македонскиот тим го сочинуваа:

• Теа Ангелова, II година, „Меѓународно училиште НОВА”, Скопје 

• Ванеса Томова, I година, ПСУ „Јахја Кемал”, Скопје 

• Оливера Џамбазова, II година, СУГС „Орце Николов”, Скопје 

• Стефан Младеновски, III година, СОУ „Јосиф Јосифовски”, Гевгелија 

• Георги Јаковлев, III година, ПСУ „Јахја Кемал”, Струга 

Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска Барандовска и ас. м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математички факултет – Скопје.

Бронзен медал и второ место на IEOx Youth Talks освои:

Теа Ангелова

Исто така, со одличен настап ја претставија Македонија:

• Стефан Младеновски

• Оливера Џамбазова

• Георги Јаковлев

• Ванеса Томова

Натпреварувањето се состоеше од три дела:

• Економија и финансии – прашања со повеќе одговори и отворени прашања

• Изработка на бизнис план 

Во конкуренција од 56 земји и над 260 натпреварувачи од целиот свет, нашите претставници постигнаа извонредни резултати!

Водичите на тимот ги поминаа квалификациите за жири, имаа предлози за прашања со повеќекратни одговори и отворени прашања од кои сите беа прифатени, а активно учествуваа и во евалуацијата на бизнис плановите во првата фаза.

Подготовките беа реализирани од водичите на тимот во соработка со експерти од:

• Народна банка на Република Северна Македонија 

• Комисија за хартии од вредност 

• Агенција за супервизија во осигурувањето 

• Македонска берза 

• ВФП Фонд Менаџмент

• Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп 

Ваш СММ!