Доделување дипломи од Есенската математичка школа 2022

На 24.12.2022, сабота, во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје се одржа последната активност од Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија (15.10 – 03.12.2022) – доделувањето на дипломите за постигнатиот успех на завршниот тест.

Дипломите на учениците им ги врачија нивните наставници, предавачите на школата, кои им порачаа на учениците да продолжат да ја сакаат математиката и да стекнуваат секојдневно нови математички знаења.

Претседателот на Сојузот на математичари на Македонија, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, ги поздрави учениците и ги повика да се приклучат на циклусот математички натпревари кои започнуваат со општинските натпревари на 4 фавруари 2023 година.

Свеченоста ја водеше раководителот на школата, проф. д-р Ирена Стојковска.

На сите ученици им посакуваме многу математички успеси во новата 2023 година!