Натпревари во учебната 2022/2023

Почитувани,

УО на СММ на седницата одржана на 8.11.2022 година  донесе одлука општинските, регионалните и државните натпревари за учениците од основното и средното образование во учебната 2022/23 година да се спроведат со физичко присуство. Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основно образованиe,

https://smm.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/pravilnik-osnovno-2020.pdf

односно Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во средно образование

https://smm.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/pravilnik-sredno-2020.pdf

(во понатамошниот текст: Правилници за натпревари).

Со тоа престанува да важи Одлуката за уредување и доуредување на прашањата поврзани со организирање и спроведување на општинските, регионалните и државните натпревари за учениците од основното и средното образование во учебната 2021/22 година, во услови кога се на сила мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот CoVid-19, донесена од УО на СММ на 29.12.2020 година.

Во продолжение се уште неколку информации околу начинот на пријавување на учениците за натпреварите по математика:

  1. Пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно и средно образование го вршат наставниците или училиштата, најдоцна до 24.01.2023 год. преку пополнување на следнава електронска пријава:

За средно образование

електронска пријава за средно образование

за основно образование

електронска пријава за основно образование

Училиштетo задолжително треба да испрати и пополнета excel табела со своите учесници на општинскиот натпревар

Obrazec Za Prijavuvanje_Sredno.xls

 за средно образование на smm.sredno@gmail.com

Obrazec Za Prijavuvanje_osnovno.xls

за основно образование на sojuz.na.matematicari@gmail.com.

Котизацијата од 200 денари за општинскиот натпревар се уплаќа на сметката на СММ која може да се најде на веб страницата на СММ, а со цел на дознака Котизација за општински натпревар за основно, односно средно образование. Со електронската пријава се прикачува и потврда за уплатена котизација.

Согласно Правилниците за натпревари нема ограничување на бројот на пријавени ученици по училиште. Списоците со пријавени ученици за општинските натпревари ќе бидат јавно објавени на веб страницата на СММ.

  • Според Правилниците за натпревари, Комисијата за прегледување на задачите на општинските и регионалните натпревари е составена од наставници по предметот математика, одделенски наставници и делегатите на СММ. Секое училиште кое учествува на натпреварот е должно да делегира по еден член во оваа комисија на секои 10 натпреварувачи со кои учествува на натпреварот, при што секој член во комисијата прегледува во одделение во кое нема свој натпреварувач.
  • Ги охрабруваме основните и средните училишта да се пријавуваат за домаќини за општинскиот и регионалниот натпревар на адресата:  sojuz.na.matematicari@gmail.com

(за основно образование), smm.sredno@gmail.com (за средно образование)најдоцна до 24.01.2023 год. за домаќини за општинскиот натпревар, односно до 20.2.2023 год. за домаќини за регионалниот натпревар. Дел од уплатената котизација од учениците му се доделува на организаторот за тековни трошоци околу организација на општинскиот, односно регионалниот натпревар. Околу деталите контактирајте го СММ (sojuz.na.matematicari@gmail.com).

  • Учениците кои ќе имаат право да учествуваат на регионалните натпревари според објавените списоци на ученици со право на учество на регионалните натпревари, треба да го потврдат своето присуство најдоцна до 20.02.2023 година, преку пополнување на електронска потврда за присуство која се објавува на веб страницата на СММ. Со електронската пријава се прикачува и потврда за уплатена котизација. Котизацијата за учениците од 4 и 5 одделение изнесува 200 денари, за учениците од 6 одделение изнесува 250 денари, а за учениците од 7 – 9 одделение и I – IV година е 300 денари. Котизацијата се уплаќа на сметката на СММ која може да се најде на веб страницата на СММ, а со цел на дознака Котизација за регионален натпревар за основно, односно средно образование.
  • Учеството на државните натпревари и олимпијадите е бесплатно.
  • СММ и другите акредитирани здруженија од природно-математичкото подрачје, донесоа заеднички календар за реализација на натпреварите во основното и средното образование. Според тој календар натпреварите по математика се во следниве денови:
  • НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
    Општински натпревар, 4.02.2023 година
    Регионален натпревар, 4.03.2023 година
    Државен натпревар, 1.04.2023 година.
  • НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОД.
    Општински натпревар, 4.02.2023 година.
    Регионален натпревар, 4.03.2023 година.
    Државен натпревар, 13.05.2023 година.

Претседател на СММ
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски