Информација за доделувањето дипломи од Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Ве потсетуваме дека доделувањето на дипломите за успехот на завршниот тест на Есенската математичка школа 2022 ќе се одржи на 24.12.2022 година, сабота, со почеток во 10 часот во Математичкиот амфитеатар М121 на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ве очекуваме!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022