Математички кружоци за учениците од основните училишта во општина Гази Баба

Со задоволство објавуваме дека Сојузот на математичари на Македонија доби поддршка од општина Гази Баба за реализирање на проектот „Математика за сите – математички кружоци за ученици од основните училишта“. Во тек е реализацијата на првата фаза од Проектот и обуките за 24 наставници по математика од основните училишта во општина Гази Баба за одржување настава во математички кружоци.…

Прочитај повеќе

Книги од предавањата на Есенската математичка школа 2019

Ве известуваме дека подготвивме две книги од одржаните предавања на Есенската математичка школа 2019:

1. Есенска математичка школа 2019. Предавања за учениците од IV до VII одделение

Автори: Слаѓана Јакимовиќ, Ирена Стојковска, Весна Целакоска-Јорданова, Соња Геговска-Зајкова

Година на издавање: 2020

Број на страници: 194

Цена на еден примерок: 220,00 ден.

Содржина и предговор

2.

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од XLV Државен натпревар по математика

Почитувани ученици и ментори,

следуваат прелиминарните резултати од XLV Државен натпревар по математика за ученици од основното образование.

Приговорите може да ги доставувате овде до 26.08.2020 година, среда во 8:00 часот.

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Трајче Ѓорѓијевски…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) 2020 ќе се одржи на 05.09.2020 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Учесниците на натпреварот ќе ги објавиме во текот на следните денови.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.…

Прочитај повеќе

Решенија на задачите од Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

ова се задачите и решенијата на задачите кои ги решаваа учениците на XLV Државен натпревар по математика за ученици од основното образование.

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Трајче Ѓорѓијевски…

Прочитај повеќе

Државен натпревар по математика-основно образование

Почитувани ученици, наставници и родители

Ве информираме дека државниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 22.08.2020 (сабота) за учениците од седмо и деветто одделение и на 23.08.2020 (недела) за учениците од шесто и осмо одделение. 

Натпреварот е со почеток во 10:00 часот и трае 180 минути, но неопходно е учениците да бидат во дворот на Природно-математичкиот факултет во 9.30 часот, пред главниот влез.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од 63-от Државен натпревар по математика за учениците од средното образование кој се одржа на 15 и 16.08.2020 година.

Освојувачи на првите места на државно ниво, по години, се учениците:

  • прва година – Дамјан Давков, ученик од VII одделение од ООУ„Ванчо Прке“-Штип,
  • втора година – Јосиф Тренчовски, ученик од СУГСГ„Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје,
  • трета година – Лука Грашкоски, ученик од Меѓународни училишта „НОВА“-Скопје и
  • четврта година – Иљир Лимани од ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје.
Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од 63-от Државен натпревар по математика

Почитувани ученици и ментори,

следуваат прелиминарните резултати од Државниот натпревар по математика за учениците од средните училишта.

Приговорите може да ги доставувате овде до 19.08.2020 година, среда во 8:00 часот.

Од Претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта

Д-р Анета Гацовска-Барандовска…

Прочитај повеќе

Информација за ММО 2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Македонската математичка олимпијада (ММО) 2020 ќе се одржи на 29.08.2020 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Учесниците на натпреварот ќе ги објавиме во текот на следните денови.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.…

Прочитај повеќе

Решенија на задачите од Државниот натпревар по математика одржан на 15-16.08.2020

Почитувани,

ова се задачите и решенијата на задачите кои ги решаваа учениците на Државниот натпревар по математика за ученици од средното образование.

Од Претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта

Д-р Анета Гацовска-Барандовска…

Прочитај повеќе