Објавен е вториот број на Математички Билтен за 2020 година

Почитувани колеги,

Објавен е вториот број од јубилејното 70. издание на списанието Матeматички Билтен, 44 (LXX) 2 (2020). 

Заинтересираните можат да го погледнат на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: 2011-2020 – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)  или Latest Issues – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)

Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2021 година: Книга 45 (LXXI) 1 (2021) и Книга 45 (LXXI) 2 (2021).…

Прочитај повеќе

Објавен е најновиот број на Математички Билтен

Почитувани колеги,

Објавен е првиот број од јубилејното 70. издание на списанието Матeматички Билтен, 44 (LXX) 1 (2020). Заинтересираните можат да го погледнат на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: 2011-2020 – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk) 

Весна Целакоска-Јорданова,

Главен и одговорен уредник на Математички Билтен …

Прочитај повеќе

Повик за трудови во Математички билтен (2021)

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ (2021)
Математички Билтен (Mat. Bilten)
Bulletin Mathématique de la Société des Mathématiciens de la République Macédoine
ISSN 0351-336X (print),  ISSN 1857-9914 (online), DOI: https://doi.org/10.37560/matbil

Математички Билтен е најстарото македонско математичко списание. Oсновано e во 1950 година. Објавува оригинални научни трудови од чиста и применета математика. Списанието има меѓунаредоен уредувачи одбор и е индексирано во следните бази: Mathematical Reviews (MathSciNet), Zentralblatt fur Mathematik, Реферативный журнал “Математика”, EBSCO, Crossref, Publons, Google Scholar, WorldCat, Semantic Scholar.…

Прочитај повеќе

Излегоа од печат „Сигма“ бр.118 и „Нумерус“ бр.46-1

Почитувани,

Ве известуваме дека новите броеви на списанијата Сигма и Нумерус излегоа од печат и веќе делумно се дистрибуирани. Ова се првите броеви за оваа учебна година, а вторите броеви се планирани за втората половина на јануари.

Уживајте во темите и задачите кои Уредувачките одбори на овие списанија ги подготвија за Вас!…

Прочитај повеќе

Нови броеви на списанијата Нумерус и Сигма

Почитувани,

и оваа година СММ ги подготвува списанијата НУМЕРУС и СИГМА. Како и претходно, тие ќе изобилуваат со содржини од наставата по математика, популарни содржини од примена на математиката и задачи за натпревари. 

Оваа година нарачките може да ги направите со пополнување на податоците наведени во следнава форма.

За сите дополнителни информации обратете се на sojuz.na.matematicari@gmail.com.…

Прочитај повеќе

Дистрибуција на „Нумерус“

Почитувани,

Ве известуваме дека третиот и четвртиот број на списанието „Нумерус“ за учебната 2019/2020 година веќе се испратени по пошта.

Останатите претплатници, примероците на списанието може да ги подигнат од среда 30.09.2020 година од библиотеката на Институтот за математика при ПМФ од 9 до 13 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Математички билтен има нова официјална интернет страница!

Почитувани колеги, наставници и соработници,

Најстарото македонско математичко научно списание Математички билтен има нова официјална интернет страница: www.bilten.smm.org.mk.

Уредувачкиот тим  го повикува научниот кадар по математика, физика и информатика од сите државни и приватни универзитети во Република Северна Македонија, како и нивните соработници и/или докторанти, да поднесат трудови за броевите Vol.44 (LXX) 1 (2020) и  Vol.44 (LXX) 2 (2020). 

Списанието Математички билтен има меѓународен уредувачки одбор и е индексирано во следниве бази:

  • Мathematical Reviews (MathSciNet)
  • Zentralblatt fűr Mathematik
  • Реферативный журнал “Математика” (VINITI)
  • EBSCO
  • Crossref.
Прочитај повеќе

Известување за Нумерус и Сигма

Почитувани читатели на списанијата Нумерус и Сигма,

сакаме да ве известиме дека рокот за испраќање на решенија на задачите од нашите рубрики се продолжува до 15.04.2020 година.

Решенијата испратете ги на следните адреси: sigma.spisanie.smm@gmail.com или numerus.smm@gmail.com, соодветно.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

За читателите на Нумерус и Сигма

Почитувани,

Соочени сме со вонредна ситуација, а печатењето на третите броеви од нашите списанија Нумерус и Сигма ќе биде наскоро готово. Дистрибуцијата на истите до корисниците ќе ја осмислиме во зависност од препораките на Владата на Република Северна Македонија.

До 31.03.2020 година обидете се да ги решите задачите кои се наоѓаат во рубриките Конкурсни задачи, Наградни задачи, Задачи од училницата и Рубрика задачи.…

Прочитај повеќе

Решенија на конкурсните задачи од Нумерус XLV-2

Почитувани читатели на Нумерус, во пресрет на општинскиот натпревар по математика за учениците од основните училишта, ги објавуваме решенијата на Конкурсните задачи од Нумерус XLV-2:

Ви посакуваме успех на општинскиот натпревар!

Уредувачки одбор на списанието „Нумерус“…

Прочитај повеќе