Известување за Нумерус и Сигма

Почитувани читатели на списанијата Нумерус и Сигма,

сакаме да ве известиме дека рокот за испраќање на решенија на задачите од нашите рубрики се продолжува до 15.04.2020 година.

Решенијата испратете ги на следните адреси: sigma.spisanie.smm@gmail.com или numerus.smm@gmail.com, соодветно.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

За читателите на Нумерус и Сигма

Почитувани,

Соочени сме со вонредна ситуација, а печатењето на третите броеви од нашите списанија Нумерус и Сигма ќе биде наскоро готово. Дистрибуцијата на истите до корисниците ќе ја осмислиме во зависност од препораките на Владата на Република Северна Македонија.

До 31.03.2020 година обидете се да ги решите задачите кои се наоѓаат во рубриките Конкурсни задачи, Наградни задачи, Задачи од училницата и Рубрика задачи.…

Прочитај повеќе

Решенија на конкурсните задачи од Нумерус XLV-2

Почитувани читатели на Нумерус, во пресрет на општинскиот натпревар по математика за учениците од основните училишта, ги објавуваме решенијата на Конкурсните задачи од Нумерус XLV-2:

Ви посакуваме успех на општинскиот натпревар!

Уредувачки одбор на списанието „Нумерус“…

Прочитај повеќе

Решенија на задачите од Сигма 115

Почитувани читатели на Сигма, во пресрет на општинскиот натпревар по математика за учениците од средните училишта, како што ветивме, ги објавуваме решенијата на задачите од рубриките:

Ви посакуваме успех на општинскиот натпревар!

Уредувачки одбор на списанието „Сигма“…

Прочитај повеќе

Излезе вториот број на СИГМА за оваа учебна година

Почитувани читатели на Сигма,

Ве известуваме дека излезе вториот број на списанието Сигма.

Ве потсетуваме дека рокот за испраќање решенија на задачите од овие две рубрики е 20 јануари, 2020. Бидејќи општинските натпревари за учениците од средните училишта ќе се одржат на 25 јануари, 2020, решенијата на задачите од овие две рубрики ќе бидат објавени на smm.org.mk на 21 јануари, 2020.…

Прочитај повеќе

За читателите на СИГМА

Почитувани читатели на Сигма,

Заради технички проблеми со печатницата каде што се печати Сигма, списанието ќе излезе од печат после Нова Година. Уредувачкиот одбор на списанието се извинува за ова доцнење.

Како и во претходниот број на списанието, ве покануваме да праќате свои решенија на задачите од рубриките „Задачи“ и „Задачи од училницата“.…

Прочитај повеќе

Излезе вториот број на НУМЕРУС за оваа учебна година

Почитувани љубители на математиката,

Во пресрет на Новата 2020 година, ви посакуваме среќна, успешна и благодетна година и весели Божиќни празници!

Ви претстои зимскиот распуст и добро заслужениот одмор после првото полугодие исполнето со многу учење, дружба и забава со другарчињата. Можеби ќе скијате или ќе излезете на толку посакуваниот снег со своите санки, можеби ќе планинарите или ќе одите до најблиското лизгалиште.…

Прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици,

Решенијата на задачите од математичките списанија НУМЕРУС и СИГМА може да ги испраќате до редакциите заклучно со 5.12.2019 година (четврток).

Главните и одговорни уредници Д-р Слаѓана Јакимовиќ и Д-р Ристо Атанасов, Ви посакуваат успешна работа!…

Прочитај повеќе

Излезе новиот број на НУМЕРУС за оваа учебна година

Почитувани читатели,

Излезе од печат новиот број на списанието НУМЕРУС за оваа учебна година.

Се надеваме дека одговоривме на сите ваши барања и веруваме дека нашата соработка ќе продолжи. Еве неколку страници од списанието преку кои ве информираме и за содржините кои ги подготвивме во овој број. Ја очекуваме вашата соработка!…

Прочитај повеќе