Информација за ЈММО 2022

Почитувани,

26. Јуниорска македонска математичка олимпијада ќе се одржи на 07.06.2022 година, вторник, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 15 минути.

Натпреварот ќе започне во 10 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Избран е олимпискиот тим!

Почитувани,

избран е олимпискиот тим кој ќе нé претставува на ИМО 2022! (https://www.imo2022.org/)

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Дамјан Давков
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Блаже Суклевски
МКД 6 Јасна Илиева

Во прилог е табелата со распределба на поените според подготвениот Правилник од надлежната Комисија.…

Прочитај повеќе

Подготвителна настава за учесниците на ЈММО

Почитувани натпреварувачи,

Сојузот на математичари на Македонија оваа година по прв пат организира бесплатни подготвителни часови за учесниците на 26-тата Јуниорска македонска математичка олимпијада. Подготовките ќе се реализираат со поддршка од Виктор Симјаноски, наш поранешен успешен натпреварувач, кој во целост ги покрива финансиските трошоци за нив. Замислено е подготовките да се реализираат секој ден почнувајќи од 21.05.2022 се до 06.06.2022 и истите ќе траат по 180 минути плус паузи.…

Прочитај повеќе

Селекциони натпревари за ИМО екипа

Почитувани,

заврши изборниот тест за формирање екипа која ќе нé претставува на ИМО 2022 (https://www.imo2022.org).

Во прилог се задачите кои натпреварувачите ги решава во овие два дена:

Во пресрет на прелиминарните резултати од оваа селекција на кандидатите, погледнете ги и решенијата на задачите:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2022

Почитувани,

во прилог е списокот ученици кои се поканети на 26. Јуниорска македонска математичка олимпијада. Натпреварот ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје. За времето на одржување ќе бидете дополнително информирани во текот на следната недела. Право на учество имаат и сите учесници од државниот натпревар по математика за средно образование, кои освоиле најмалку пофалница, и на денот на одржувањето на ЈБМО 2022, 30 јуни, ќе имаат помалку од 15,5 години (Тие ученици мора да го потврдат своето учество кај Претседателот на комисијата за ЈММО и Меѓународни натпревари за ученици до 15,5 години д-р Делчо Лешковски, на dleskovski@gmail.com).…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

ова се конечните резултати од 47-от Државен натпревар за основно образование:

Државните прваци по одделенија ќе бидат дополнително одредени.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за IMO тест

Почитувани,
Заради учество на неколкумина од поканетите натпреварувачи на Европската олимпијада по физика, изборниот тест за ИМО ‘22 се поместува за деновите 17. и 18. мај.
Натпреварот ќе започнува во 10:00 часот. Поканетите 12 ученици е потребно да бидат пред зградата на ПМФ-Скопје најдоцна во 9:30 часот.
Учеството да се потврди на е-mail адресата: mirko.petrushevski@gmail.com
Ваш СММ !…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за основно образование

Почитувани,

47-от Државен натпревар по математика за учениците од основните училишта, ќе се одржи на 14.05.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, долна и горна зграда.

Натпреварот ќе трае 180 минути. 

Учениците треба да се во дворот на факултетот во 9.30 часот.…

Прочитај повеќе

Математички институт за научно-истражувачки подмладок

Почитувани,

Во склоп на работата на Македонската акдемија на науки и уметности (МАНУ), а во соработка со Сојузот на математичари на Македонија (СММ) и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) во тек е проект:

 Математички институт за научно-истражувачки подмладок.

Целта на Институтот е да  се грижи за откривање на надарени и талентирани ученици за математика од најрана возраст и нивно понатамошно поттикнување и воведување во научно-истражувачка работа.…

Прочитај повеќе