Заврши ПИ-ДЕН 2022

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката, го завршивме третото заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката, 14 март 2022 година.

Задачите, решенијата и вашиот постигнат успех од државниот електронски натпревар, ќе ги добиете на електронската пошта со која се најавивте како учесник на натпреварот.

Првопласираните учесници во секое одделение/година се во следниот список.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

на Државниот натпревар по математика за средно образование, ќе се натпреваруваат сите ученици кои на Регионалниот натпревар освоија најмалку пофалница.

Во прилог се конечните резултати од Регионалниот натпревар по години:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2022 за средно образование

Почитувани,

вчера со почеток во 10 часот, се одржа 45.Регионален натпревар по математика за учениците од средното образование.

Натпреварот се реализираше во шест региони:

1. Скопје (сите општини при град Скопје);

2. Крива Паланка, Куманово, Липково, Кратово, Пробиштип, Злетово и Свети Николе;

3. Тетово, Брвеница, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше;

4.…

Прочитај повеќе

ПИ ДЕН 2022

Драги натпреварувачи,

започна прославата на Меѓународниот ден на математиката, преку реализација на математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН.

Задачите кои ги подготвивме се поставени на следната веб страна

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 13.03.2022 година
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 13.03.2022 година
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 13.03.2022 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 13.03.2022 година

Нека ни е среќен Меѓународниот ден на математиката!…

Прочитај повеќе

Подетални информации за ПИ ДЕН 2022

Почитувани,

Математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН се реализира во чест на Меѓународниот ден на математиката.

Притоа, најмладите учесници имаат вкупно 10 задачи, од кои првите три носат по 1 поен, следните четири по 2 поени и последните три по 3 поени т.е. вкупно 20 поени.

Учениците од второ одделение имаат вкупно 15 задачи од кои првите четири по 1 поен, следните седум по 2 поени и последните четири по 3 поени т.е.…

Прочитај повеќе

Упатство за спроведување на Регионалниот натпревар по математика за средно образование

Почитувани,

натпреварот ќе се одржи на 12.03.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот во училиштата означени како домаќини во секој од регионите.

Учениците е потребно да бидат во училиштата во 9.30 часот, за навремено отварање на натпреварот, разместување на учениците по училници и навремен почеток на натпреварот.

Учениците се натпреваруваат во две групи на задачи, задачи група А – сите гимназии и задачи група Б – стручните училишта.…

Прочитај повеќе

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Почитувани,

во периодот од 6-8 мај 2022 година, ќе се одржи Меѓународната конференција за образование по математика, физика и сродни науки, во организација на:

  • Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
  • Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
  • Институт за математика при ПМФ во Скопје
  • Институт за физика при ПМФ во Скопје
  • Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св.
Прочитај повеќе

Конечни резултати од општинскиот натпревар

Почитувани,
по разгледување на приговорите ова се конечните резултати од општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование:

Право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку 30 поени на општинскиот натпревар.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2022

Почитувани,

Државниот електронски натпревар ПИ-ДЕН ќе се одржи на 13.03.2022 година, недела, со почеток во 10 часот.

Задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно. (подетално)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех.…

Прочитај повеќе

Првични резултати од општинскиот натпревар за учебната 2021/2022 година

Почитувани,

општинскиот натпревар за учениците од основното и средното образование се одржа на 19.02.2022 година, сабота, електронски.

Задачите и конечните решенија на задачите се:

Комисиите за натпревари ги подготвија следните првични резултати:

Приговор за општинскиот натпревар, до соодветните комисии, може да се поднесе преку следниве форми:

Приговорите може да се испратат до 21.02.2022 година, понеделник до 23:30 часот.…

Прочитај повеќе