Список на учесници на Државниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи на 8.05.2021 година, сабота и 9.05.2021 година, недела.

На Државниот натпревар се пласирани сите ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои освоиле прва награда и оние ученици од деветто одделение кои освоиле втора награда на Регионалниот натпревар. На овој список се додаваат и учениците кои имаат најдобар резултат во сопствениот регион на Регионалниот натпревар.

Конечните списоци со постигнатиот успех на сите ученици од Регионалниот натпревар за основно образование 2021 година, може да ги најдете овде:

Официјалниот почеток на Државниот натпревар е во 10 часот, во соодветниот ден, а сите ученици треба да се пред влезот на Природно-математичкиот факултет во Скопје, најдоцна до 9:30 часот.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.

Подетален распоред за секое одделение и ден за натпреварување, ќе објавиме подоцна.

Kомисија за општински, регионални и државни натпревари за учениците од основните училишта

Трајче Ѓорѓијевски