За читателите на СИГМА

Почитувани читатели на Сигма,

Заради технички проблеми со печатницата каде што се печати Сигма, списанието ќе излезе од печат после Нова Година. Уредувачкиот одбор на списанието се извинува за ова доцнење.

Како и во претходниот број на списанието, ве покануваме да праќате свои решенија на задачите од рубриките „Задачи“ и „Задачи од училницата“. Рокот за испраќање решенија на задачите од овие две рубрики е 20 јануари, 2020. Заради задоцнетото излегување од печат на списанието, ги објавуваме електронски задачите од овие две рубрики. Бидејќи општинските натпревари за учениците од средните училишта ќе се одржат на 25 јануари, 2020, решенијата на задачите од овие две рубрики ќе бидат објавени на smm.org.mk на 21 јануари, 2020. Како подготовка за општинските натпревари, проверете ги своите знаења со помош на минатогодишниот општински, регионален и државен натпревар.

Уредувачкиот одбор на списанието „Сигма“ ви посакува среќна и успешна 2020 година.