Избран е тимот за БМО 2021

Почитувани,

избран е тимот кој ќе нé претставува на БМО 2021, која што ќе се одржува виртуелно во периодот 6-10 Септември во организација на Кипарското математичко друштво.

Во прилог е табелата со распределба на бодовите според подготвениот Правилник за ММО и изборни тестови за меѓународни натпревари. Првопласираните шест се стекнаа со право за учество на балканијадата.

Водач и заменик-водач на македонскиот тим се Никола Велов и Петар Филиповски. 

Да им посакаме многу успех на нашите натпреварувачи!

Ваш СММ!