Известување за Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Оваа сабота, 29.10.2022 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2022, која во план е да се дореализира во следните четири последователни саботи: 29.10, 05.11, 12.11 и 19.11 по следниот распоред:

  • 10:00 – 11:45 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин.)
  • 11:45 – 12:15 УЖИНКА (30 мин)
  • 12:15 – 14:00 ПРЕДАВАЊА
    (2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин.)

Распоредот по простории и потребниот нестандарден прибор за работа може да го најдете на следниот линк.

Учениците кои не беа во можност да дојдат првата сабота, кога ќе дојдат, ќе треба да се регистрираат на местото за регистрација во холот на Природно-математичкиот факултет, Скопје, во горната зграда (локација на Google Maps) и да си ги подигнат материјалите (папката и беџот).

Во случај да задоцните секогаш ќе може да се обратите за помош кај студентот кој ќе биде кај масата за регистрација и тој ќе ве упати кон просторијата каде ќе биде вашето предавање.

Ви посакувам пријатна и плодна дружба со математиката!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022