Најава за Есенската математичка школа 2022 и пријавување учество

Ве известуваме дека Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и ноември 2022 година, по четврти пат организира Есенска математичка школа 2022 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Предавањата ќе се одржуваат во сабота во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. По завршување на школата ќе има завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2022, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество, а нешто подоцна и информација за темите кои ќе се работат, ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2022/

На учениците и професорите им посакуваме уште една успешна Есенска математичка школа 2022.

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022