Информации за првиот ден на Есенската математичка школа 2022

Драги ученици,

Во сабота на 15.10.2022 година започнува Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.30 до 9.15 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.15 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитетар М121 (на првиот кат). Предавањата на школата се од 10.00 до 14.00 часот. Во продолжение се списокот на пријавени ученици, деталната програма за 15.10.2022 година, распоредот на учениците по простории и потребниот прибор за работа:

На учениците и професорите им посакуваме уште една успешна математичка школа, стекнување на нови знаења, склопување на нови пријателства и незаборавна дружба со математиката!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022