Сите информации околу натпреварот може да ги добиете од Претседателот на комисијата, Д-р Мирко Петрушевски на mirko.petrushevski@gmail.com

Сите информации околу натпреварот може да ги добиете од Претседателот на комисијата, Д-р Мирко Петрушевски на mirko.petrushevski@gmail.com
Во знак на почит кон нашиот прерано починат колега Александар Блажевски, денеска (17.11.2019) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа Првиот Меморијален Математички Натпревар „Александар Блажевски – Цане“. Учество на натпреварот зедоа најдобрите 24 млади македонски натпреварувачи, оние кои се покажаа како најуспешни во минатогодишниот циклус на натпревари организирани од СММ.…
Прочитај повеќеПочитувани ученици,
Сојузот на математичари на Македонија одлучи да организира меморијален математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане.
На натпреварот ќе учествуваат учениците кои во оваа учебна година се во основно или средно образование и: освоиле медал/пофалба на ММО 2019 година, или златен/сребрен медал на ЈММО 2019 година, или биле дел од национален тим на некој меѓународен математички натпревар (ЈБМО, БМО, ЕГМО, или ИМО). …
Прочитај повеќеНа 16 септември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, претставниците на Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), кои се акредитирани од МОН за натпревари за учениците од основните и средните училишта по предметите физика, хемија, биологија, природни науки, математика и информатика утврдија заеднички календар за натпреварите за учебната 2019/20 година.…
Прочитај повеќеНа состанокот на УО од 19.08.2019 избрани се следните претседатели на комисии:
Д-р Анета Гацовска-Барандовска, доцент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за средно образование
Контакт: agacovska@gmail.com
Трајче Ѓорѓијевски, советник по математика, раководител на одделението за наставни планови и програми при БРО, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование
Контакт: tgorgijevski@yahoo.com
Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование
Контакт: mirko.petrushevski@gmail.com
Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Контакт: dleskovski@gmail.com …
ИМО-Интернационалната математичка олимпијада е најпрестижниот математички натпревар во светски рамки.
Сите податоци околу резултатите, освоените медали, задачите и решенијата на досегашните олимпијади може да ги најдете овде.
Во тек е 60-тата ИМО која се одржува во Велика Британија. Во исчекување на резултатите, сите дополнителни информации се овде.…
Прочитај повеќе