Информација за ЈММО 2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) 2020 ќе се одржи на 05.09.2020 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Учесниците на натпреварот ќе ги објавиме во текот на следните денови.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години

Д-р Делчо Лешковски