Државен натпревар по математика-основно образование

Почитувани ученици, наставници и родители

Ве информираме дека државниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 22.08.2020 (сабота) за учениците од седмо и деветто одделение и на 23.08.2020 (недела) за учениците од шесто и осмо одделение. 

Натпреварот е со почеток во 10:00 часот и трае 180 минути, но неопходно е учениците да бидат во дворот на Природно-математичкиот факултет во 9.30 часот, пред главниот влез.

Дозволено е користење само на прибор за работа (без мобилни телефони и калкулатори).

Оттука согласно протоколот за изведување испити со физичко присуство, учениците ќе бидат спроведени до соодветните простории. Задолжително  е носењето заштитни маски од влез во зградата до излез по завршување на натпреварот.  Од влезната врата на факултетот ќе има лица од СММ кои ќе ги спроведат и распоредат учениците во соодветните амфитетари за да не се создава метеж по ходниците и да се избегнат контакти на поголем број ученици. По влез во амфитетарот неопходно е да се изврши дезинфекција со поставените средства и учениците да го заземат местото кое ќе им биде посочено од лицата на СММ.

По завршување на натпреварот се напушта зградата на факултетот. Решенијата на задачите и резултатите ќе бидат објавени електронски, а електронски ќе се доставуваат и приговорите согласно соопштенијата на официјалната страна на СММ.

Списоците за распоред по простории се следните:

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Трајче Ѓорѓијевски